• вторник, 07 април 2026

ТФТ немаше решение за „тројките“ на Златибор

ТФТ немаше решение за „тројките“ на Златибор

Чајетина, 17.март 2026 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ го загубија првиот натпревар од четвртфиналето на плеј офот во АБА 2 лигата од екипата на Златибор со 101:86. Македонскиот претставник немаше решение за шутот за три поени на противник, кој постигна 19 тројки со процент од 54 отсто. Домашниот тим на тој начин стигна до првата победа во серијата до две победи.

Екипата на Златибор постојано беше во водство.

Најефикасен кај победникот беше Американецот Тревор Мур со 26 поени (6 тројки), додека во редовите на ТФТ македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски постигна 18 поени.

Натпреварот број 2 се игра на 24.март во Скопје, а ако победи ТФТ ќе има и мајсторка на 31.март повторно на теренот на Златибор. мн/

Фото: МКФ

Остани поврзан