• понеделник, 16 март 2026

Мицкоски на комеморација во Кочани: Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството нека бидат сила што ќе нè води напред

Мицкоски на комеморација во Кочани: Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството нека бидат сила што ќе нè води напред

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска во Паркот на револуцијата во Кочани присустува на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, испрати порака споменот за починатите да остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството да бидат сила што ќе нè води напред.

- Денес, во Кочани, оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа - објави Мицкоски на „Фејсбук“.

Тој се потпиша во книгата на жалост и изрази длабоко сочувство кон семејствата на загинатите.

- Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството нека бидат сила што ќе нè води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети - истакна Мицкоски. ац/паг/

Фото: ФБ на премиерот Христијан Мицкоски

Остани поврзан