Норис: Една победа не значи ништо
- Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е среќен за победата на австралиското Гран при, но не придава големо значење на триумфот во Мелбурн.

Лондон, 18 март 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е среќен за победата на австралиското Гран при, но не придава големо значење на триумфот во Мелбурн.
-Ова е кул. Но, тоа не значи ништо. Не го освоив шампионатот па сега да се создава еуфорија, изјави Норис за британските медиуми.
Дваесет и петгодишниот Британец победи пред возачот на Ред Бул и актуелен светски првак Макс Верстапен.
Втората етапа од Формула 1 2025 година ќе се одржи од 21 до 23 март на патеката во Шангај, Кина. зс/
Фото: ЕПА