• вторник, 18 март 2025

Кер за натпреварот со Денвер: Бевме страшни

Кер за натпреварот со Денвер: Бевме страшни

Сан Франциско, 18 март 2025 (МИА) – Тренерот на Голден Стејт вориорс ги критикуваше своите кошаркари за играта на натпреварот со Денвер.

- Тешко е да се добие натпревар во НБА-лигата кога 10 пати му ја давате топката на противникот. Ова е токму она со што се соочуваме денес. Тие одиграа одличен натпревар. Ова сме го виделе милион пати. Ова се случува во НБА. Кога отсуствуваат лидерите, преостанатите играчи даваат се од себе, желни се за борба, нема притисок врз нив. Ние многу лошо го започнавме натпреварот и никогаш не го најдовме својот ритам. Играа одлично. Бевме ужасни, лош говор на телото, па го добивме она што го заслуживме, изјави Кер на прес-конференција по натпреварот.

Денвер играше без своите најголеми ѕвезди, Никола Јокиќ и Џамал ​​Мареј, но и тоа не ги спречи да победат со 114:105.

Голден Стејт со биланс 39 победи и 29 порази е на 6.место во Западната конференција, Деневер е две места повисоко со ефект 44-25. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан