• петок, 19 јули 2024

Претставници на Општина Охрид во работна посета на Кушадаси во Турција

Претставници на Општина Охрид во работна посета на Кушадаси во Турција

Охрид, 15 јануари 2024 (МИА) – Претставници на Општина Охрид присуствваа на неколкудневна работилница во турскиот град Кушадаси, каде заедно со останатите учесници на работилницата ги разработуваа иницијалните проекти презентирани од страна на проектните тимови од Македонија и Турција.

Притоа охридскиот тим одржа предавање на тема, „Искуства при креирање и имплементација на CIPPS проект“, а презентиран беше е проектот SEEDS (Student Engaging in Environmental Dedication and Stewardship).

-Проектните активности веќе се започнати и дваесетина автохтони растенија (билки) кои се типични за планината Галичица се веќе дел од едукативната патека (мини арбуретум) согласно временската рамка на проектот. Понатака следи обележување на истите, со нивните народни и латински имиња, и дополнување за време на пролетните месеци и со други видови. Планирано е да бидат организирани повеќе работилници кои ќе се одржат во соработка со стручните тимови од Националниот Парк во зелени и забавни едукативни училници во кои ќе бидат опфатени ученици од општинските училишта, како и членовите од клубот за стари лица при ОО Црвен крст- Охрид, информираат од Општина Охрид.

Гостувањето во Турција следи по успешната соработка од минатата година по Програмата „CIPSS 2023-2024“ за ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска.

Довербата за креирање и имплементација на „Change project“ и е доделена на Општина Охрид. аб/дма/

 

Остани поврзан