• сабота, 20 јули 2024

Средба на битолскиот градоначалник Тони Коњановски со турскиот амбасадор Фатих Улсој

Средба на битолскиот градоначалник Тони Коњановски со турскиот амбасадор Фатих Улсој

Битола, 19 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска приреди прием и оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на Република Турција во земјава Фатих Улусој.

На првата официјална работна посета на Општина Битола, амбасадорот Улусој истакна дека богатата историја на Битола, поврзана со Кемал Ататурк и големиот број на историски споменици, го прават градот примамлива локација за турските туристи, кои се најбројни странски гости во Битола.

Како што се вели во соопштението на Општина Битола, амбасадорот Улусој посочил дека лично ќе се заложи да се продлабочи соработката со туристичките агенции и Битола да биде град за подолг престој на турските гости во земјава.

На средбата со својот гостин, градоначалникот Коњановски ја потврди економската соработка со Турција и истакна дека покрај постоечките, се најавуваат и други проекти за реализација, значајни за двете страни.мт/бт/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан