• сабота, 20 јули 2024

„Заштити се од кражби“, едукативно-превентивни кампањи на подрачјето на СВР Охрид

„Заштити се од кражби“, едукативно-превентивни кампањи на подрачјето на СВР Охрид

Охрид, 19 јули 2024 (МИА) – Отсекот за превенција при СВР Охрид деновиве во рамките на кампањата „Безбедно лето“, на целото подрачје спроведува повеќе едукативно-превентивни кампањи „Заштити се од кражби“.

Тимови од полициски службеници патролираат низ повеќе делови од градот и преку непосредни контакти со граѓаните ги потсетуваат на основните правила како да ги заштитат своите домови од кражби, што е најкорисно да направат да ги заштитат своите возила од кражби на паркинг простори, но и вредните предмети од кражби на плажи.

„Спречете дрска кражба, чувајте го паричникот, мобилниот и лап топот, заштитете го возилото“,  се некои од темите за кои полициските службеници им пренесуваат практични совети на граѓаните низ градските средини и на плажите. Воедно, на граѓаните им се делат летоци со едукативни содржини со насоки за превенирање на кражби и други имотни деликти. аб/дма/

фото: МИА

 

Остани поврзан