• сабота, 20 јули 2024

Струмичанец осомничен за обљуба врз малолетник со пречки во развојот

Струмичанец осомничен за обљуба врз малолетник со пречки во развојот

Струмица, 19 јули 2024 (МИА) - Полицијата сомничи 53 годишен жител на Струмица дека извршил обљува врз малолетно лице со пречки во развојот.

Како што соопштија од СВР Струмица, осомничениот бил уапсен вчера во 18:25 часот, а се сомничи дека во 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица ја извршил обљубата.

Лицето било задржано во Полициската станица во Струмица и за настанот бил запознат јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.рт/хс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан