Поради дефект без вода улиците „Дане Крапчев“, „Дебарца“ и „Славка Недева“
- Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф „5/4“ на улица „Дане Крапчев“ бр. 21 со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од оваа и од улиците „Дебарца“ и „Славка Недева“.

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф „5/4“ на улица „Дане Крапчев“ бр. 21 со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од оваа и од улиците „Дебарца“ и „Славка Недева“.
Како што информираат од ЈП „Водовод иканализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 11:00 часот до завршување на работните активности за санација на дефектот. сст/
Фото МИА архива