• петок, 21 март 2025

Во Kнигата на жалост во Амбасадата во Тирана се потпишуваат претставници на министерствата на албанската влада

Во Kнигата на жалост во Амбасадата во Тирана се потпишуваат претставници на министерствата на албанската влада

Дебар, 20 март 2025 (МИА) - Во Kнигата на жалост во Mакедонската амбасада во Тирана денеска во најтажниот ден  за нашиот сосед, во име на министерството се потпиша заменик-министерката за Европа и надворешни работи Силда Анагности Чепе, објави министерството на ФБ.

- Нашите мисли се со семејствата на оние кои ги загубија животите и со сите погодени од оваа трагедија. Албанија се солидаризира со Северна Македонија во овие моменти на жалост, напиша заменик-министерката.

Во Книгата на жалост претходно се потпиша и министерот за правда Улси Мања, кој при тоа  ја повторил подготвеноста на албанската влада да помогне со сите свои капацитети. 

Вчера, како што информираше Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), се потпишале претставници на партиското претседателство. вт/мд/


Фото: МЕНР на Албанија
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан