• недела, 22 март 2026

На денот на пролетта во комплексот Маркови Кули кај Прилеп засадени 6 000 садници

На денот на пролетта во комплексот Маркови Кули кај Прилеп засадени  6 000 садници

Прилеп, 21 март 2026 (МИА) - Околу 6 000 садници денеска, на денот на пролетта, се засадија во подножјето на комплексот Маркови Кули над Прилеп.

На засадувањето што го спроведуваа локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“ учествуваа повеќе од 70 волонтери, возрасни и најмлади. Засадувањето на садниците е заокружување на проект од лани.

-Заокружуваме еден проект почнат минатата година во име на засадување на овој споменик на природата во подножјето на Марковите кули на  6 000 садници. Видот на садниците е според прописите што налагаат. Сметам дека овој е начинот на кој треба секој ден на пролетта да се одбележи, рече прилепскиот градоначалник, Дејан Проданоски.

Со проектот, Прилеп аплицираше во Бирот за регионален развој. Општината доби едно возило и опрема за пошумување со 25 дупчалки и 100 парчиња алат. 

-Понатаму опремата ќе ја користи ЈКП „Комуналец“. Упатуваме апел до граѓаните за во иднина да се одржуваат уште повеќе акции за пошумување, објаснува Гоце Бојкоски, координатор на проектот за пошумување.

На пошумувањето учествуваше и заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов кој вели дека ќе бидат присутни секаде каде се пошумува во општините.

- Ваквите локалитети не се имуни на пожари. Мило ми е што општината и ЈКП „Комуналец“ ја покренаа оваа акција за пошумување.Вакви акции има и на други места  и речиси сите градоначалници направија акции по повод денот на пролетта. Мие ќе бидеме секаде каде која било институција иопштина ќе покрене акција за пошумување, рече Михаилов.

Комплексот Маркови Кули е прогласе на споменик на природата. ем/ев/

ФОТО: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан