• петок, 21 март 2025

Корисници од село Сопиште без вода поради дефект

Корисници од село Сопиште без вода поради дефект

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Половина од село Сопиште е без вода поради уличен дефект на водоводна цевка, информираат попладнево од Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Водоснабдувањето било прекинато од 14 часот.

Како што додаваат од претпријатието, корисниците ќе останат без вода за пиење до завршување на работните активности. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан