• петок, 05 декември 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

5 декември 2025

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 74.седница. (Сала „Македонија“/13:00)

Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/12:00)

Скопје - Средба за национално застапување со Клуб на пратенички. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Одбележување на Светскиот ден на волонтерството 

- Поздравно обраќање на претседателот на Црвен крст на РСМ,  Ромел Велев. (Централна канцеларија на Црвен крст на РСМ / 9:15 – 9:55)

- Поздравни обраќања на претседателот на Собранието, Африм Гаши и на генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, Саит Сати. (Собрание на РСМ, Мал свечен салон/11:15 – 12:00/ Изјави за медиуми)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на церемонијата на полагање свечена заклетва на 28-мата група волонтери на Мировниот корпус, на која ќе присуствува и амбасадорката на САД Анџела Агелер. (х. Холидеј Ин/12:00 до 13:00)

Прилеп - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе го посети градскиот откупен пункт за тутун - Тутунски комбинат. (11:00, изјава за медиуми по посетата на откупниот пункт)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (Седиште на СДСМ /10:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. (РКЕ/11:00)

Скопје - Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара ќе потпише нов договор за грант во склоп на GGP програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност. (Амбасада на Јапонија во ТЦ Соравиа, 6 кат/10:00)

Скопје - Бизнис Конфедерација на Македонија ќе ги соопшти наодите од истражувањето за најважните и клучните акции за бизнисот во транзиција кон намалување на негативниот ефект врз животната средина, од енергијата која се користи за економска активност. (х. Холидеј ин/ 11:00) 

Скопје - ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе одржи прес-конференција со која ќе биде означено отворањето на „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“. (Граѓански ресурсен центар/11:00)

Скопје - Деветти Светиклиментов научен собир на тема „Теологијата и технологиите“ годишна конференција на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“. (Свечената сала на Факултетот/10:00)

Битола - Свечена седница на Сенатот и Ректорската управа по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. (Офицерски дом/12:00)

Скопје - Симпозиум на млади лекари Глобалните трендови во медицината поттикнати од вештачката интелигенција во организација на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС Скопје). (х.„Мериот“/ 17:00)

Тетово - Советот на Општина Тетово ќе одржи две седници. (10:00/14:00) 

Тетово - Комеморативна седница посветена на животот, делото и уметничкото творештво на Шпат Касапи. (Сала на Советот на Општината/17:00)

Скопје - Отворање на 10. Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“. (Соборен храм „Св. Климент Охридски“/19:00) 

Скопје - Промоција на книгата „Милениумски опстој" од авторот Јован Мазгански. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин"/19:00)

Скопје - Промоција на ΚΑΛБΥΛΑ соло проект на Кристијан Новковски. (Ла Кања)

Скопје - Изведба на балетската претстава „Шехерезада“. (Македонска опера и балет/20:00)

Скопје - Годишен концерт „Орион“ на Факултетот за музичка уметност - Скопје. (Филхармонија /20:00)

Скопје - Концерт на импровизирана амбиентална музика на Амплидајн Ефект Трио и Добрила Грашеска. (Буква/21:00) 

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан