• петок, 21 февруари 2025

Под истрага на СПАК, само минатата година биле 629 лица, меѓу нив  и поранешни министри, градоначалници, бизнисмени

Под истрага на СПАК, само минатата година биле 629 лица, меѓу нив  и поранешни министри, градоначалници, бизнисмени

Тирана, 20 февруари 2025 (МИА) - Според Албанското специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК),  само во текот на 2024 година,  почната е истрага против 629 лица. Меѓу нив се поранешни министри, градоначалници, бизнисмени.

Од нив,  236 лица или 37,5 отсто биле истражувани со изречена безбедносна мерка „затворски притвор“, на слобода се истражени 246 лица или 39,1 отсто, додека со изречени други безбедносни мерки истражувале 147 лица или 23,4 отсто.

-Што се однесува до покренати обвиненија, според статистиката на обвинителството, од 2019 до 2024 година точната бројка е 892 главно за злоупотреба на службената положба, повреда на еднаквоста на учесниците во тендери,  пасивна и активна корупција на лица кои вршат јавни функции, прикривање на имот, пасивна корупција на судии, обвинители, објавија медиумите.

Од Генералната дирекција на албанските затвори за медиумите потврдиле дека, минатата година, од вкупно 2.791 лица кои биле притворeни, 270 или 9,7 отсто се под истрага на СПАК. вт/ссм/

Остани поврзан