Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
- Папата Франциск се уште е во опасност, но во моментов не е во животна опасност, изјави денеска доктор Серџо Алфиери од римската болница Гемели, каде што папата се лекува од инфекција на респираторниот тракт и пневмонија.

Рим, 21 февруари 2025 (МИА) – Папата Франциск се уште е во опасност, но во моментов не е во животна опасност, изјави денеска доктор Серџо Алфиери од римската болница Гемели, каде што папата се лекува од инфекција на респираторниот тракт и пневмонија.
- Папата е добро расположен и понекогаш се шегува, рече тој, додавајќи дека папата ќе остане во болница и следната недела.
Папата, според лекарите, е свесен дека неговата здравствена состојба е сериозна. јт/
Фото: МИА архива