Хамас предаде уште двајца заложници на Црвениот крст во Газа
- Палестинската екстремистичка група Хамас му предаде уште двајца заложници на Црвениот крст во Газа според договорот за прекин на огнот со Израел, јави ДПА.

Газа, 22 февруари 2025 (МИА) – Палестинската екстремистичка група Хамас му предаде уште двајца заложници на Црвениот крст во Газа според договорот за прекин на огнот со Израел, јави ДПА.
Двајцата мажи, Тал Шохам и Авера Менгисту, беа предадени во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, а уште четворица заложници ќе бидат ослободени подоцна денеска, како дел од последната размена на заложници за затвореници во конфликтот.
Маскирани и вооружени припадници на Хамас ја чуваа бината во Рафа каде Шохам беше принуден да каже неколку зборови пред заложниците да им бидат предадени на работниците на Црвениот крст.
Останатите четворица заложници, Омер Шем-Тов, Елија Коен, Омер Венкерт и Хишам ал-Сајед, треба да бидат предадени во Нусејрат во центарот на Газа. јт/
Фото: ДПА