Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
- Кошаркарите на Оклахома Сити ноќеска ги совладаа Лос Анџелес лејкерс на гостински терен во натпревар од регуларната сезона во НБА-лигата со 101:93.

Лос Анџелес, 30 ноември 2024 (МИА) – Кошаркарите на Оклахома Сити ноќеска ги совладаа Лос Анџелес лејкерс на гостински терен во натпревар од регуларната сезона во НБА-лигата со 101:93.
Најефикасен играч на средбата беше Шеј Гилгеус-Александер од Оклахома со 36 поени.
Во поразениот тим се истакна Далтон Кнехт кој постигна 20 поени.
Оклахома ја забележа четвртата победа во низа и води во Западната конференција. Лејкерси се седми. зс/
Фото: ЕПА