• вторник, 24 декември 2024

Новата ерупција на индонезискиот вулкан Ибу крена столб од пепел висок пет километри

Новата ерупција на индонезискиот вулкан Ибу крена столб од пепел висок пет километри

Џакарта, 4 јуни 2024 (МИА) - Вулканот Ибу на островот Халмахер, во Индонезија, денеска повторно еруптираше исфрлајќи пепел до висина од пет километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција.

Ерупцијата на вулканот траела околу две минути, а во радиус од седум километри од кратерот се забранети сите активности на населението, се наведува во соопштението.

Вулканот Ибу во мај и почетокот на овој месец имаше серија ерупции, што предизвика евакуација на седум околни села.

 Ибу е еден од најактивните вулкани во Индонезија, а во 2023 година еруптираше повеќе од 21.000 пати.

По серијата ерупции, индонезиските власти на 16 мај го кренаа нивото на тревога за планината Ибу на највисоко ниво. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан