• среда, 26 март 2025

Лавров: Само САД можат да ги запрат нападите од Украина

Лавров: Само САД можат да ги запрат нападите од Украина

Москва, 25 март 2025 (МИА) – Шефот н руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека САД се свесни дека само Вашингтон може да го запре гранатирањето на руски цивилни цели од Украина.

- Ми се чини дека нашите американски партнери го добија овој сигнал, тие разбираат дека само Вашингтон може да постигне позитивни резултати во запирање на терористичките напади и запирање на гранатирањето на цивилната инфраструктура, наведе Лавров во интервју за рускиот Канал 1.

Тој посочи дека на средбата со американската делегација во Ријад, Саудиска Арабија, првенствено се разговарало за прашањата за безбедна пловидба во Црно Море.

- За прелиминарните резултати од разговорите помеѓу Русија и САД во Ријад во моментов се известуваат претседателите на двете земји, истакна Лавров.

Тој нагласи дека Русија го поддржува обновувањето на Црноморската иницијатива во „поприфатлива“ форма.

- Невозможно е да му се верува на збор на режимот во Киев, неопходно е да се постигнат услови под кои никој нема да се обиде да ја одврати Москва од овој пазар. За да продолжи со Црноморската иницијатива, на Русија ќе и требаат најјасни, најконкретни, проверливи и функционални гаранции и механизми, истакна Лавров, додавајќи дека гаранциите се можни само акко САД му наредат на украинскиот претседател Владимир Зеленски. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан