• среда, 26 март 2025

Претседателката на Перу распиша општи избори за април 2026 година

Претседателката на Перу распиша општи избори за април 2026 година

Лима, 25 март 2025 (МИА) - Претседателката на Перу Дина Болуарте повика за спроведување општи избори на 12 април 2026 година, изразувајќи надеж дека гласањето ќе стави крај на периодот на нестабилност во земјата.

Болуарте ја презеде функцијата во 2022 година, откако нејзиниот претходник, Педро Кастиљо, беше сменет од функцијата. Мандатот на актуелниот претседател завршува следната година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан