• вторник, 25 март 2025

Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани, продолжуваат и контролите за исполнување на безбедносните стандарди

Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани, продолжуваат и контролите за исполнување на безбедносните стандарди

Скопје, 25 март 2025 (МИА) – Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за несреќата во дискотеката во Кочани каде во пожар 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди се проширува. Вкупно 11 јавни обвинители работат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Во меѓувреме продолжуваат контроли во јавни објекти низ државата, за проверка на документацијата, исполнувањето на обврските од лиценците и дозволите, на техничките услови за работа и безбедносните стандарди.

Сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава се безбедни,  информираше претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски по извршените вонредни инспекциски контроли во кои учествуваа и инспектори од централната власт. Најави дека инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, а дадени се препораки да се направат и строги контроли во сите станбени згради, а на потемелни контроли да подлежат и сите урбани опреми кои се поставени во општините.

Триесет и три лица од Кочани во моментот се наоѓаат во домашна изолација, како задолжителна мерка за спречување на потенцијалното ширење на заразата со коронавирусот, информираа денеска кочан

Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, при што изречени се  решенија за привремена забрана на десет правни субјекти, кафулиња и клубови. Утврдено е дека 15 правни субјекти од вкупно 23, кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови, и се издадени 59 прекршочни платни налози во износ од 522 690 денари, информираше портпаролката на Владата Марија Митева.

Митева најави дека во координација со МВР, ДПИ овие денови почнуваат со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и настани, со посебен акцент на утврдување минимално-технички услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителство.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера порача дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли  во сите јавни објекти низ државата, што стартуваа по трагедијата со пожарот во Кочани, нагласувајќи дека кај 70-80 проценти од објектите биле воочени огромни неправилности.

-Можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности, зборувам конкретно за 70-80 проценти од објектите. Не зборувам за исклучоци, туку за пракса која што функционирала и повеќе нема да функционира, рече премиерот на настанот за реконструкција и пренамена на стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш.

Мицкоски потенцира дека разработуваат акциски план за одреден период да се прогласи мораториум и да се отстранат сите тие неправилности за оние кои сакаат да функционираат со дејноста со која што функционирале. 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска му одговори на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче во врска со барањето за носење нов Кривичен законик, нагласаувајќи оти нов КЗ ќе се донесе, но

Премиерот, исто така, посочи дека протестите се демократска алатка на изразување на незадоволство и потенцираше дека апсолутно го поддржува изразувањето на револт и гнев, затоа што, како што рече, уште многу работи пред нас останаа да се решат.

- Но, ќе се бориме до последен атом, енергија, којшто го имаме да исправиме нешто во името на идните генерации, коишто доаѓаат. Преку ноќ не може ништо да се направи, иако направивме многу работи, ќе повторам изминатиот период. Поразивме неколку мафијашки здруженија, коишто за жал функционираа во државата, ќе продолжиме и во периодот, којшто следи. Но, од сега па натаму, јас само би посакал сите да останеме фокусирани и обединети во решавање на проблемите, рече Мицкоски. 

Вчера во Скопје се одржа протестен марш, кој почна со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, од плоштадот „Македонија“. Учесниците потоа се упатија кон  Собранието, од каде стигнаа пред Владата.

This is not a fight between you and us, this is not a fight between political parties, this is a fight between the honest and the corrupt. We want systemic change – but meaningful change, not

Организаторите на протестот, граѓанското движење „Кој е следен?“, порачаа дека не се поврзани со ниту една партија и дека очекуваат транспарентност од истражните органи. - Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“.

Опозициската СДСМ вчера порача дека селективност не смее да има, и повика да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани, додека од ДУИ претходно излегоа со порака дека молкот за трагедијата во Кочани заврши, сега мора да се зборува, обвинувајќи дека власта без да ги почека фактите, ја активираше машинеријата за префрлање вина.

Јавното обвинителство информира дека тимот што постапува во истрагата за трагичниот пожар во Кочани е проширен на 11 јавни обвинители, како и дека е планиран распит на повеќе од 300 сведоци и други истражни дејствија. 

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничен

Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, вчера одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоениот план на активности и динамика.

-Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.

Ова е трето проширување на обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани. Првично, на 16 март, веднаш по несреќата во Кочани, јавниот обвинител формираше обвинителски тим во кој беа вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје. Потоа обвинителскиот тим, еден ден подоцна, беше проширен на девет обвинители и го сочинуваа двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвинителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. По 30-девниот притвор за седумте полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани, како што информираа завчера од Основниот суд Кочани таква мерка е  определена за сите 24 лица за кои имаше барање од Основното Јавно обвинителство. Меѓу 24. лица за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев, поранешниот министер за економија Крешник Бекштеши.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени. аа/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан