„Кој е следен“: Не сме поврзани со ниту една партија, сакаме да живееме во безбедна држава
- Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ пред маршот што треба да почне вечерва во 19:00 часот од плоштадот „Македонија“.

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ пред маршот што треба да почне вечерва во 19:00 часот од плоштадот „Македонија“.
Според неа, планови за натамошни протести нема, „Кој е следен“ нема лидерство и принципот на функционирање е „еден човек, еден глас“.
- Очекуваме транспарентност од истражните органи и поддршка од медиумите, очекуваме одговорност од сите поврзани со кочанската и сите претходни трагедии. Изразуваме целосна поддршка до медицинскиот персонал и сите вклучени во истрагата. На улица сме зашто треба да се слушне гласот на народот, секој револт на граѓаните е оправдан, нагласи Јаневска.
Протестот ќе почне со триминутно молчење, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани. Учесниците од плоштадот „Македонија“ преку Собранието ќе се упатот до Владата. мч/аа/
Фото: МИА