• вторник, 28 јануари 2025

На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица

На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица

Атина, 27 јануари 2025 (МИА) – Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако во јавноста излегоа нови информации за несреќата од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, во сите грчки градови се одржаа протести, а најмасовни беа во Солун и Атина, каде што, како што соопштија од грчката полиција, учествуваа по околу 30.000 граѓани.

Илјадници граѓани на сите возрасти, масовно протестираа во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи во февруари 2023 година, барајќи правда за 57-те жртви, откако во јавноста и

По завршување на официјалниот и во двата града имаше инциденти, откако помали групи ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец.

Според грчката полиција, во Солун, група од колку 30 маскирани лица се одвоиле од демонстрантите и ги нападнале полицајците со предмети и молотови коктели, при што биле приведени 23 лица, додека во Атина, околу 50 лица, исто така се одвоиле и ја искористиле толпата за прикривање, напаѓајќи ја полицијата со предмети и молотови коктели и 12 лица биле приведени, еден уапсен, а четворица полицајци биле повредени.

Во Атина, како што вчера објави МИА, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а од шок бомба повреден беше фоторепортер.

Од Асоцијацијата на фоторепортери на Грција (ЕФЕ) и од Асоцијацијата на странски дописници (ФПА) со соопштенија го осудија полициското насилство врз нивниот член Мариос Лолос, кој воедно е и поранешен претседател на ФПА.

Вчерашниот протест во Атина организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, беше еден од помасовните во изминатите години.

Во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ на 28 февруари 2023 година во близина на месноста Темпи во централна Грција при директен судир на товарен и патнички воз кои се движеле на иста шина, животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот дел студенти, а според извештајот на експертот ангажиран од семејствата на жртвите Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што предизвикала недостаток на кислород. ср/сд/

Фото: МИА

Остани поврзан