Началникот на француската жандармерија оцени дека можноста за вооружен конфликт и агресија во земјата треба сериозно да се земе предвид
- Началникот на француската жандармерија, воените вооружени сили одговорни за полициските мисии, оцени дека по руската инвазија на Украина, можноста за вооружен конфликт и агресија во земјата треба сериозно да се земе предвид, објавија денеска париски „Монд“ и веб-страницата „Интелиџенс Онлајн“ (Intelligence Online).
Пaриз, 28 јануари 2025 (МИА) - Началникот на француската жандармерија, воените вооружени сили одговорни за полициските мисии, оцени дека по руската инвазија на Украина, можноста за вооружен конфликт и агресија во земјата треба сериозно да се земе предвид, објавија денеска париски „Монд“ и веб-страницата „Интелиџенс Онлајн“ (Intelligence Online).
Во интерното писмо до жандармите од 19 јануари, во кое увид имаше и француска новинска агенција, генералот Хуберт Боне ја споменува можноста за конфликт.
Боно рече дека „политичките настани во САД, со нивните можни последици за НАТО, несомнено ќе ја поттикнат Европа да се вклучи повеќе во сопствената одбрана“.
Шефот на жандармеријата рече дека на француска територија и во прекуокеанските територии на земјата „разни актери се обидуваат да ја дестабилизираат нацијата“.
„Како воена сила должни сме да се подготвиме и да бидеме во готовност“, додаде Боно. рп/
Фото: МИА архива