Зеленски и Фредериксен разговараа за мирот во Украина и билатералната соработка
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека со данската премиерка Мете Фредериксен разговарале за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји и за постигнување праведен мир во Украина.
Киев, 29 јануари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека со данската премиерка Мете Фредериксен разговарале за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји и за постигнување праведен мир во Украина.
- Разговаравме за важноста на единството и солидарноста во Европа за надминување на глобалните безбедносни предизвици и закани со кои се соочува секој Европеец. Покрај тоа, разговаравме за зајакнување на билатералната соработка меѓу Украина и Северна Европа, како и за заедничките напори за постигнување праведен и траен мир, објави Зеленски на Х.
Тој и се заблагодари на Данска и на народот на земјата за континуираната поддршка за Украина. јт/
Фото: Зеленски на Х