• четврток, 30 јануари 2025

Израел ќе ги прекине сите контакти со УНРВА, тврди израелски претставник во ОН

Израел ќе ги прекине сите контакти со УНРВА, тврди израелски претставник во ОН

Њујорк, 28 јануари 2025 (МИА) - Израел ќе ги прекине сите контакти со Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), изјави денеска израелскиот претставник во ОН, Дени Данон, откако повторно ја обвини организацијата за поткопување на безбедноста.

Канцелариите и персоналот на УНРВА во Израел имаат голема улога во обезбедувањето здравствена заштита и образование на окупираните палестински територии, но израелските власти долго време се во судир со таа агенција.

УНРВА тврди дека донела 60 отсто од храната што стигнала во Газа од почетокот на војната што следеше по нападите врз Израел на 7 октомври 2023 година.

„Законодавството забранува УНРВА да работи на суверена територија на државата Израел и забранува каков било контакт меѓу израелските официјални претставници и УНРВА. Израел ќе прекине секаква соработка, комуникација и контакт со УНРВА или кој било што дејствува во нивно име“, рече Данон.

Израел тврди дека десетина вработени во УНРВА биле вклучени во смртоносниот напад на 7 октомври 2023 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан