• четврток, 30 јануари 2025

Авион на јужнокорејската Ер Бусан се запали на аеродромот во Бусан, евакуирани сите патници и екипажот

Авион на јужнокорејската Ер Бусан се запали на аеродромот во Бусан, евакуирани сите патници и екипажот

Сеул, 28 јануари 2025 (МИА) - Авион на јужнокорејската „Ер Бусан“ денеска се запали на меѓународниот аеродром Гимхе во Бусан, при што се евакуирани сите 169 патници и седумте членови на екипажот, објави Јонхап.

Пожарот започнал во крајниот дел на авионот.

Инцидентот се случи еден месец по најсмртоносната авионска катастрофа на јужнокорејско тло, кога авион на компанијата „Џеџу ер“ (Jeju Air) од Бангкок се урна на пистата на аеродромот Муан за време на итно слетување, при што загинаа 179 од вкупно 181 лице во него.

Нискобуџетната компанија „Ер Бусан“ (Air Busan) е дел од „Азијана ерлајнс“, која минатиот месец ја купи „Кореан ер“. паг/


 

 

Остани поврзан