• недела, 22 декември 2024
МИА Општински пул

19 ноември 2024 

Скопје - Од денеска до 23-ти декември 2024 година, во вагоните и станиците на метрото во Софија ќе се чита европска поезија. Иницијативата „Европска поезија во вагоните и станиците на софиското метро“ се одржува деветти пат, а Македонскиот културно-информативен центар (МКИЦ) по прв пат се вклучува меѓу организаторите.

Проектот е инициран од Полскиот институт во Софија и „Литературен весник“, а во него се вклучени европските културни центри од кластерот на ЕУНИК, странски амбасади во Софија, Општината на главниот град - Софија, Бугарското национално радио и телевизија.

Скопје - Мултимедијалниот проект „Дата база“ на ликовниот уметник Марија Мицова Гацова утре ќе биде претставен во Меѓународниот резиденционален центар (Cité internationale des Arts) во Париз.

Како што информира авторката, проектот „Престој со мултимедијална изложба „Дата база“ во Меѓународниот град на уметностите во Париз е избран на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година од областа на меѓународната дејност.

Скопје - Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина настапи на 54. детски музички фестивал „Златно славејче“ во Македонскиот народен театар (МНТ). Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три македонски песни - „Јано мори“, „Заветна“ и „Мојата Македонија“.

Како што информира продукцијата „Stars&More“, неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот.

Неготино - Подостапни медицинска помош, физикална рехабилитација, лекарства и медицински апарати, подолготрајна вклученост на лични асистенти за поддршка. Ова се потребите на лицата со попреченост во државата, констатирани на тркалезна маса одржана вчера во Неготино, информираа денеска од Центарот за помош на лица со ментален  хендикеп „Порака" од Неготино. 

- За приоритетите на лицата со попреченост разговараа нивни претставници, членови на нивни семејства, медицински лица. Се дадоа предлог решенија за надминување на проблемите. Вакви настани ќе се одржат и во Кавадарци и Велес. Откако ќе се обезбедат сите предлози, ќе се испратат до надлежните институции, со цел надминување на проблемите. Сакаме системски да се решаваат работите. Во Неготино здравствените работници имаат разбирање на специфичноста при здравствената грижа кон пациентите со попреченост и убаво би било таквата развиена свест за нивните здравствени потреби, да се преслика и во другите делови од државата, рекоа од „Порака".

Македонска Каменица - Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена река“ - Македонска Каменица му додели признание на писателот Далибор Трајков за најчитан автор за 2024 година. Во оберазложението за наградата од фестивалот велат дека се работи за квалитетен автор кој учествува на меѓународни конкурси на кои се стекнува со високи признанија и награди, а неговите раскази се дел од неколку меѓународни антологии. 

- Трајков од најмала возраст пишувал поезија, а од 2020 година почнува да пишува раскази и со нив. Расказот "Последната солза" е избран за расказ на годината за 2022 година на конкурс организиран од страна на Фондацијата Такец од Битола. Оттогаш почнува да пишува романи и склучува договор со издавачката куќа "Сакам книги". Досега има издадено 3 романи и тоа: "Закопана вистина", издаден во 2022 година, "Траги од минатото", издаден во 2023 година и "Тајната на монахот" издаден во 2024 година, истакнаа од фестивалот.

Демир Хисар - Општина Демир Хисар се вклучи во кампањата „Општина на  дланка“, проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите што се реализира во соработка со Министерството за локална самоуправа.

Цел на кампањата е да се зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинската веб-страница, соопштија од Општина Демир Хисар.

Неготино - Државниот завод за ревизија преку соопштение денеска информираше за клучни утврдени состојби и системски слабости во функционирањето на локалната самоуправа Неготино, при ревизија на финансиски извештаи и ревизија за усогласеност за 2023 година. 

При клучни утврдени состојби, ревизијата утврдила ненавремено евидентирање на побарувања по основ на комунални такси и надоместоци поради што се јавувале уплати без да се евидентирани задолженија, помалку евидентирани приходи и расходи во буџетот за 2023 година поради плаќања со пресметка кои не се реализирани преку трезорот. 

Скопје - Без вода денеска се жителите од скопското село Добри Дол во Општина Сопиште. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради санација на три затворачи на ул.„4“ без број, во близина на црквата во селото. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

Тетово -  Денот на ослободувањето во Втората светска војна на Тетово - 19 Ноември и осум деценискиот јубилеј се одбележа синоќа со свеченост под слоганот „Непокорот е слобода-80 години Слободно Тетово“.  Манифестацијата ја организираше општинската организација на Сојузот на борци Тетово од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, на која трета година по ред се доделија и востановените признанија 19 Ноември за животно дело, како и за особен придонес во одредена област.

Признание 19 Ноември за животно дело во повеќе области добија шест личности. За општествен развој постхумно на поранешниот градоначалник на Тетово, Кочо Тулевски (1921-1995), а за медицина и здравствена заштита постхумно на примариус д-р Драган Филиповиќ.

Скопје - Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов денеска ќе го означи отпочнувањето на изградбата на новата атлетска патека во Гевгелија.

Како што информираат од Министерството за спорт, ова е еден од капиталните проекти на Министерството за подобрување на спортската инфраструктура.

Скопје - Светскиот ден на тоалетите (World Toilet Day) е официјален ден на Обединетите Нации, којшто се одбележува секоја година на 19 ноември, со цел акција за справување со глобалната криза за санитација. И на овој 19 ноември, здруженијата „Новинари за човекови права“ и „Балканска мрежа за вода“ повикува на итна потреба од изградба и вложување во одржување на јавни тоалети, како и на подигнување на свеста кај граѓаните за нивното правилно користење и зачувување.

„Над 4,2 милијарди луѓе во светот немаат пристап до безбедно управувана санитација, а околу 673 милиони сè уште практикуваат отворена дефекација“, се истакнува во соопштението.

Остани поврзан