• сабота, 21 декември 2024
МИА Општински пул

Скопје - По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер во поголем дел од градот, од ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за МИА информираат дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено.

Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата за општи и заеднички работи при клиниките, во тек се подготвителни активности за непречено функционирање на клиниката ТОАРИЛУЦ, во однос на состојбата при прекинот на снабдувањето со вода.

- Најитните интервенции ќе се реализираат непречено. ТОАРИЛУЦ веќе направи план и организираше зголемен број медицински тимови кои ќе бидат ангажирани за време за викендов. Ги преземаме сите мерки за да продолжи континуитетот во работата, без притоа да има поголем застој во функционирањето, појасни Срцева за МИА.

Директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Небојша Настов утре не очекува проблеми во работата на оваа клиника.

Дебар - Македонците од Мала Преспа во селото Шулин ја продолжија традицијата на одбележување на големиот христијански празник Свети Никола. 

- Овој празник е еден од најзначајните настани за мештаните, кои традиционално го одбележуваат со голема радост и почит. Оваа година, кум на празникот беше Ѓорѓи Кристо, кој заедно со своето семејство организираше богата трпеза и учествуваше во сите свечени активности, рекоа за МИА од друштвото „Преспа".

Наутро, во црквата во Шулин се одржала света литургија, на која присуствувале голем број жители, не само од селото, туку и од околните населени места.

Кумот Ѓорѓи Кристо ја продолжи традицијата со подготовка на празничен ручек за сите присутни. Жителите на Шулин изразија благодарност до кумот за неговата посветеност и великодушност, како и за тоа што ја зачувува традицијата што се пренесува од генерација на генерација, додаваат од друштвото.

Скопје - Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ) издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје.

П͟р͟е͟п͟о͟р͟а͟к͟и͟ ͟з͟а͟ ͟г͟р͟а͟ѓ͟а͟н͟и͟:͟

1.Складирање на вода - Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден. - Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. - Наполнете канти, кофи или големи садови со вода за санитарни потреби (чистење, миење, тоалети).

2.Штедење на вода - Користете вода само за основни потреби како пиење, готвење и лична хигиена. - Одложете активности кои трошат многу вода, како што се перење на алишта, чистење на автомобили и слично.

3.Хигиена - Користете средство за дезинфекција на раце ако нема достапна вода. - За лична хигиена користете влажни марамчиња. - За мијалници или тоалети, користете вода од резервите или алтернативи како санитарни раствори.

4.Храна - Гответе оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење. - Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење. - Ако користите вода од неконвенционални извори (пр. бунар), секогаш превривајте ја пред употреба.

5.Информирање - Следете ги локалните вести и објави од надлежните органи за информации и препораки. - Почитувајте ги сите насоки дадени од здравствените власти.

6.Грижа за ранливи категории - Осигурајте се дека бебињата, старите лица и лицата со здравствени проблеми имаат доволно резерви на вода. - Планирајте ја потребата на вашите домашни миленичиња за вода.

7.Поддршка во заедницата - Споделувајте вода со соседите доколку тие имаат потреба и проверете ги ранливите лица во вашата заедница.

Скопје – Поголемиот дел од Скопје денеска по 22 часот ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод. Прекинот, како што најави ЈП „Водовод и канализација“ ќе трае се до санирање на дефектот.

Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ)  издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје.

За граѓаните се препорачува - складирање на вода најмалку 4 литри вода по лице на ден, да се користи само за основни потреби како пиење, готвење и лична хигиена, да се користат средства за дезинфекција на раце ако нема достапна вода, да се готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење...

Без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ градот, освен Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

- Останатите корисиници од Скопје ќе бидат без вода, посочуваат од претпријатието.

За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.

Како што појаснија, станува збор за повеќе затворачи на главниот цевковод од десната страна на реката Вардар, почнувајќи од СП – трговскиот во Ѓорче Петров, Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, сè до Зелениково и Студеничани. 

Покрај оваа локација, од „Водовод и канализација“ информираат дека ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод, и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со улица „Никола Парапунов“.

Потенцираат дека системска промена на пет децении стари затворачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вторникот на акцијата за засадување на дрва кај новиот Мега Парк во општина Карпош, во врска со најавениот прекин рече дека нема да има потреба од дотур на вода, затоа што санацијата на дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација на кој било друг дефект во градот.

Во одговор на новинарско прашање, Арсовска рече дека очекува санацијата на дефектот да биде завршена во текот на едно деноноќие, односно како што рече, согласно планот изготвен од страна на техничките лица од јавните скопски претпријатија, санацијата се очекува да биде завршена во што е можно во пократок рок.

 

 

Остани поврзан