• сабота, 17 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 17 август 2024 (МИА) - На 16.08.2024 во 17.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(27) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.08.2024 во 18.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.08.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.08.2024) во 02.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.08.2024 во 20.20 часот во гостиварска Долна Бањица, полициски службениви од ОВР  Гостивар ги лишиле од слобода С.М.(34) и С.С.(34), двајцата од Гостивар,  затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 16.08.2024 во 23.50 часот на патот кај Дебарско езеро, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Е.С.(22) од Дебар затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(51) и 41 – годишната А.С., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 03.08.2024 во Струга, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.    

Денеска (17.08.2024) во 01.00 часот на Граничен премин Деве Баир,  полициски службеници го лишиле од слобода И.Ц.(59) од Република Турција затоа што при извршена пасошка и гранична контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило со полуприколка, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 16.08.2024 околу 17.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Лески - с.Зрновци, кочанско, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(62) од с.Виничка Кршла, општина Виница, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А.(55) од с.Виничка Кршла, кој бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде што подоцна починал. Додека, со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник М.С.(60) од с.Виничка Кршла, констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. вг/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан