• среда, 21 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

20 август 2024

На 19.08.2024 во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а 4“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.Х.(47) од Сојузна Република Германија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 19.08.2024 во 08.55 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на патниот правец  Демир Капија – Неготино, во близина на место викано „Острово“, товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(61) од Неготино, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.   

На 19.08.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Велес, Т.А.(74) од Велес пријавил дека на улица „Благј Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 19.08.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Велес, Д.Ч.(33) од Велес пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 19.08.2024 во 09.30 часот во ОВР Кавадарци, Ф.В.(41) од Кавадарци пријавила дека во село Кесендре, кавадаречко, била касната од куче скитник. 

Фото: МИА архива

Остани поврзан