• среда, 21 август 2024

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа го привеле Б.А.(39). При претрес во неговиот дом и помошни простории на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: МВР
 

Остани поврзан