• четврток, 22 август 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б., 25-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 31 јули во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.

Вчера во 00.51 часот во СВР - Битола било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски“ настанал пожар во паркирано патничко возило „форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Б., 41-годишно лице од овој град.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица - Битола, а повредени лица, нема. Извршен бил увид.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ф., 33-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 30 јули во село Страчинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.

Синоќа во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишиле од слобода А.Ш., 22-годишно лице од село Петровец и Б.В., на 21-годишна возраст од село Зелениково.

Тие се сомничат дека околу 20.20 часот во населено место Дрма, скопско, физички го нападнале 22-годишниот З.Н. од село Мралино, општина Илинден, по што Б.В. со остар предмет му нанел убодни рани. З.Н. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Е.А., 40-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 20 јули во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

Рано изутринава во 1.45 часот во СВР - Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди и за укажување помош кај нив дошол Ф.Р., 22-годишник од Куманово.

Според пријавеното, околу еден часот во парк на подрачјето на Карпош, тој бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со повредите. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Џ.И., на возраст од 45 години и С.Р., 34-годишно лице, двајцата од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „соизвршителство“ во врска со „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 6 август, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени и одземени марихуана и канабис.

Денеска во 3.30 часот во СВР - Скопје, О.А.М., 20-годишна скопјанка, пријавила дека околу еден часот, пред угостителски објект во скопскиот Градски парк, била физички нападната од две лица вработени како обезбедување во објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Д.М., 38-годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 27 март во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

Денеска во 8.30 часот во Полициската станица - Кисела Вода бил извршен службен разговор со С.К., на возраст од 45 години и В.С., 48-годишничка, двете од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 18 август, во домот на подрачјето на Карпош, физички го нападнале малолетниот син на С.К..

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против А.Ј. од село Војшанци, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 17 април во Неготино, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Синоќа во 19.50 часот во Полициската станица - Велес, А.Н., 73-годишен велешанец пријавил дека на улицата „Никола Карев“ бил каснат од куче скитник.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Х.Н., 18-годишно лице од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 06.08.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 10.30 часот во СВР - Скопје, А.С., 45-годишен скопјанец, пријавил дека претходниот ден, околу 16 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговиот сосед С.Н., кој употребил и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР - Битола поднесе кривична пријава против Т.Ш., 42-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 20 февруари во Ресен, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Синоќа во 19.30 часот во СВР - Скопје М.С., 52-годишник од скопско Ново Село, пријавил дека во просторија од црква во селото бил физички нападнат од Б.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР - Струмица поднесе кривична пријава против Х.О., 42-годишник од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 18 февруари во Струмица, полициски службеници го затекнале пријавениот со уште две лица, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 17.20 часот во Полициската станица - Аеродром, П.Д., 82-годишен скопјанец, пријавил дека на улицата „Мите Богоевски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против А.С., 36-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 01.07.2023 на регионалниот пат Тетово - Пирок, во село Долно Палчиште, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во осум часот во СВР - Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Карпош, била пронајдена почината М.В., 75-годишна скопјанка, која имала здравствени проблеми.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

СВР - Струмица поднесе кривична пријава против Л.Д., 26-годишно ливе од село Сушица, струмичко и В.З., 20-годишно лице од село Босилово, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 6 март во село Сушица, полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојува првопријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, од која претходно му продавал на второпријавениот.

Синоќа во 21 часот во СВР - Куманово, М.Ј.Ѓ., 32-годишничка од овој град, пријавила дека на улицата „Тоде Думба“ била касната од куче скитник.

СВР - Битола поднесе кривична пријава против Ф.В., 30-годишно лице од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 31 декември во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над друго лице, при што бил пронајден и одземен кокаин, кој го набавил од пријавениот.

Вчера во 14.40 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Чаир, бил пронајден починат И.С., 69-годишен скопјанец, кој имал здравствени проблеми.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

СВР - Битола поднесе кривична пријава против Д.К., на возраст од 27 години и К.Ј., 37-годишно лице, двајцата битолчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 11.06.2023, полициски службеници извршиле преглед во возилото кое го управувал второпријавениот, при што бил пронајден и одземен метамфетамин, кој го набавил од првопријавениот.

Синоќа во 21.30 часот во СВР - Куманово, Д.И., 33-годишник од овој град пријавил дека бил каснат од куче скитник.

СВР - Битола поднесе кривична пријава против Х.Ј., 28-годишник од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“.

На 08.06.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземни пиштол „зоракиi“ калибар 9 мм, рамка со куршуми за пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 и други куршуми со различен калибар.

Вчера во 9.50 часот во Полициската станица - Аеродром, В.Д., 41-годишник од Скопје пријавил дека од местото каде престојувал, се оддалечил 41-годишниот  Д.К. од Непал, кој бил вработен во фирма во главниот град на државава.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.   

СВР - Битола поднесе кривична пријава против Г.М., 19-годишен битолчанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На  14.12.2023 во Битола, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана, што ја користел со други две лица.  

СВР - Штип поднесе кривична пријава против Д.З., 41-годишно лице од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 13 јули во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Н.А., 42-годишник од село Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Во периодот од 25.05.2023 до 25.04.2024 во село Камењане, пријавениот ја преместил мерната опрема, при што извршил директно врзување на електрична мрежа без мерење, со што на „ЕВН Македонија“ предизвикал материјална штета од околу 232.071 денари.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Б.А., 35-годишник од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 24 јули, по претходна расправија, пријавениот упатил закани на неговата мајка и на неговиот брат.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против С.К., 31-годишник од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

На 22 март во градот, пријавениот со употреба на сила внел девојка од Тетово во неговото возило, по што физички ја нападнал. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан