• петок, 23 август 2024

Приведени двајца разбојници во Тетово

Приведени двајца разбојници во Тетово

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Двајца тетовци се приведени поради соневање дека пред објект на брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи.

-Во 20.45 часот на ул. „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(19) и Х.Ш.(22), двајцата од Тетово. Тие се сомничат дека околу 20.20 часот пред објект на приватна фирма - брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи, информираат денеска од МВР. 

При приведувањето кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. сст/лв/

фото МИА архива

Остани поврзан