• петок, 23 август 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(19) и Х.Ш.(22), двајцата од Тетово. Тие се сомничат дека околу 20.20 часот пред објект на приватна фирма - брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи. При приведувањето кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож.  Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 22.08.2024 во 01.10 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б.(31) од с.Слатино, Тетовско. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторени кривични дела „тешка кражба“, „разбојништво“, „уцена“, „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“ и „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа затвор Идризово за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

На 21.08.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 - годишен велешанец и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.08.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.08.2024 во 21.55 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Л.М.(25) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.08.2024 во 17.30 часот на магистралниот пат А4, кај клучка за с.Ињево, Радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода К.Ј.(31) и Д.Т.(22), двајцата од Радовиш. При преглед на патничко возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал К.Ј., а сопатник бил Д.Т., кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.08.2024 во 00.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.М.(20) од Гостивар, Б.З.(19) од Скопје, Р.Д. (18) од Гостивар и А.С. (21) од Гостивар затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.08.2024 во 11.35 часот на Граничниот премин Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Х.(36) од Скопје, а со престој во Република Србија затоа што при извршена пасошка контрола и извршена проверка било констатирано  дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

На 21.08.2024 во 10.58 часот во СВР Штип, Д.М.(36) од с.Ратево, Беровско, пријавил дека при ископ во дворот од неговата семејна куќа пронашол  една неексплодирана граната со димензија од околу 30 сантиметри, најверојатно од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

Денеска (22.08.2024) околу 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат кој води за с.Пчиња, во близина на место викано „Менкова колиба“, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(21) од Куманово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Л.С.(23), додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.Е.(20) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 21.08.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, Скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(31) од с.Орланци, Скопско, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, паркирано од Н.М.(50) од с.Арачиново и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ф.М.(37) од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, З.К.(70), а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници А.М.(35) и еден малолетник од истото возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.08.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат кој води кон Средно Водно, патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.08.2024 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на Град Скопје, во близина на клучка Орман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(26) од Скопје, удрило во ограда од патот и во патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(32) од с.Чајле, Гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.08.2024 во 23.25 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во близина на браната „Шпиље“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(31) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.И., а со телесни повреди се здобиле возачот Е.П. и неговата сопатничка Д.Д.(28), констатирани во Општата болница Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.   

На 21.08.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.А.(19) од Скопје пријавила дека во паркот во Ѓорче Петров била касната од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан