• сабота, 23 ноември 2024

Директорот на канцеларијата за демократија при УСАИД во посета на Општина Берово

Директорот на канцеларијата за демократија при УСАИД во посета на Општина Берово

Берово, 23 август 2024 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денеска оствари средба со Марк Елингштад, директор на канцеларијата за демократија при USAID. На средбата Пекевски изрази благодарност за поддршката што USAID преку проектот за зајкнување на капацитетите за искористување на ресурсите, ја дава за јакнење на административните капацитети на Општина Берово.

Директорот на канцеларијата за демократија при USAID, Марк Елингштад, истакна дека голема чест и задоволство е што е во посетс на Берово, град кој под водство на актуелниот градоначалник и неговиот тим има големи достигнувања за развој на градот.

-Вие и вашата општина, вашиот тим, поседувате голем углед и е голема честа, денес да бидам во Берово да поразговараме за конкретните резултати и достигнувања, особено последните неколку години, истакна Елингштад.

Благодарение на поддршката која USAID и ја дава на Општина Берово како што напомена Пекевски во изминатите години зголемена е наплатата на приходите, зголемен е капацитетот за ажурирање на базата на податоци за данок на имот.

-Исто така подобрена е внатрешната комуникација на вработените во локалната самоуправа. Унапреден е даночниот морал, подигнато е нивото на наплата на даноци, во значителни размери. Зголемена е даночната основа (извршена е репроцена). Подигнат е фискалниот капацитет на општината, воопшто зголемен е административниот капацитет за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање и подобра соработка со приватниот сектор, рече Пекевски. 

Присутните службеници од Општина Берово, кои зедоа дирекно учество во проектот, ги споделија нивните позитивни искуства, од соработката со USAID и упатија голема благодарност за беспрекорноста во истата. вс/сст/


Фото: МИА
 

Остани поврзан