• вторник, 24 декември 2024

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности ќе бидат повлечени, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски. 

-Истите ќе бидат повелечени. Има такви многу. Дел од тие нерегуларности коишто се истражуваат се и нерегуларностите во Министерството за надворешни работи, постапувањето на официјалните органи кои биле дел од МНР, како и некои од амбасадорите кои, за жал, морам да кажам имаат груба злоупотреба на средства на граѓаните од Буџетот, изјави премиерот Мицкоски, кој беше во посета на Катастарот. 

Амбасадорот и постојан претставник во ОН Љубомир Фрчкоски поднесе писмена оставка до Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до Министерството за надворешни работи.

Неодамна, Фрчкоски беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но како што изјави министерот Тимчо Муцунски, до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот. 

Муцунски исто така на разговор повика и неколкумина други амбасадори. ев/са/ 

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан