• понеделник, 23 декември 2024

ЈСП: Измама со логото на картичката „скопска“, пријавено во МВР

ЈСП: Измама со логото на картичката „скопска“, пријавено во МВР

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ попладнево ги информира граѓаните дека утврдена е измама со електронската картичка „скопска“ на социјалните мрежи, случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.

- ЈСП „Скопје“ утврди лажна вест со што е фалсификувано логото на електронската картичка „скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Транспортна карта на град Скопје“. Се работи за измама со лажен линк, што краде податоци од платежните картички на граѓаните, пишува на веб-страницата на претпријатието.

Измамата, како што се додава, била пријавена во МВР и претпријатието очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите, како и итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП. бд/аа/

Фото: МИА архива, „Фејсбук“

Остани поврзан