• сабота, 22 февруари 2025

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Дебар, 22 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на единствената македонска партија во Албанија,  - Македонска алијанса за европска интеграција,  Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана.

Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди.

- Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник и областа Девол, долж албанско - македонската граница. За жал и ден денес се следи комунистичката политика, која нас Македонците не признава како малцинство само во областа Преспа, Општина Пустец. Не ги признаваат Македонците во Гора и Голо Брдо. Ним дополнително им се вршеше притисок и на другите пописи да не се изјаснуваат она што се - Македонци, рече Стерјовски.

Освен во овие области повеќе десетина илјади Македонци живеат во Тирана, Елбасан, Драч, Кукс и други градови. вт/сст/


Фото: принтскрин

Остани поврзан