• сабота, 08 март 2025

Лидерите на ЕУ се согласија за зајакнување на европската одбрана, но не и за поддршката на Украина 

Лидерите на ЕУ се согласија за зајакнување на европската одбрана, но не и за поддршката на Украина 

Брисел, 7 март 2024 (МИА) - Лидерите на земјите членки на Европската унија на вчерашниот специјален Европски совет посветен на Украина и на одбраната на Европа, се согласија дека континентот мора да стане поодговорен за сопствената одбрана и самостојно да се справува со предизвици, но не успееја да постигнат консензус за поддршката на Киев. 

Коментирајќи го ваквиот исход на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека сите сакаат мир, а разликата е во тоа што 26 земји веруваат дека патот до мирот е преку зајакнување на капацитетите на Украина, додека Унгарија има поинаков став.   

- Тука нема поделба. Ние 26 земји продолжуваме да ја поддржуваме Украина, како што тоа го правиме од првиот ден (на руската инвазија) на 24 февруари 2022 години и ќе продолжиме со тоа обединети, рече Кошта, додавајќи дека во ЕУ останува силната поддршка за Украина од 26 од 27-те земји членки, кои имаат заедничката позиција, а всушност само Унгарија има поинаков пристап.  

Тој нагласи дека безбедноста на Украина е во сржта на безбедноста на Европа и затоа ЕУ ја поддржува земјата уште од првиот ден на руската инвазија и ќе продолжи со поддршката и натаму, дури и по војната.  

Тука нема поделба. Ние 26 земји продолжуваме да ја поддржуваме Украина, како што тоа го правиме од првиот ден (на руската инвазија) на 24 февруари 2022 години и ќе продолжиме со тоа обединети

- Безбедносните гаранции за иднината на Украина се од суштинско значење за безбедноста на Европа, но исто така и за меѓународната безбедност, бидејќи оваа војна не е само за Украина, туку е и за почитување на меѓународното право, почитување на меѓународниот поредок заснован на правила, почитување на суверенитетот и спроведување на меѓународното право, рече Кошта.  

Во усвоената официјална верзија на заклучоци за Украина во само три точки се посочува дека членовите на Европскиот совет имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и оти на прашањето за Украина ќе се навратат на својот следен состанок.   

- Европскиот совет разговараше за последните случувања во однос на Украина, се наведува кусо во документот, при што се додаваа дека предложените заклучоци за усвојување биле „цврсто поддржано од 26 шефови на држави или влади“.   

Во делот од заклучоците посветени на европска одбрана, пак, се посочува дека Европа мора да стане посуверена, поодговорна за сопствената одбрана и подобро опремена да дејствува и самостојно да се справува со непосредните и идните предизвици и закани, во услови кога руската агресија врз Украина и нејзините последици по европската и глобалната безбедност претставуваат егзистенцијален предизвик за Европската Унија.  

Вториот ден од вонредниот лидерски состанок на ЕУ во голем дел ќе биде посветен на иднината на заедничката одбрана на ЕУ, но и безбедноста на храната во контекстот на војната во Украина, јави

- Унијата ќе ја зајакне својата севкупна одбранбена подготвеност, ќе ги намали своите стратешки зависности, ќе ги надмине празнините во критичните способности и соодветно ќе ја зајакне европската одбранбена технолошка и индустриска база, така што ќе биде во позиција подобро да се снабдува со опрема во потребните количини и со забрзано темпо. Ова, исто така, ќе придонесе за зајакнување на европската индустриска и технолошка конкурентност, посочуваат лидерите на ЕУ.  

Во текстот натаму се посочува дека Европскиот совет ја нагласува потребата од значително продолжување на зголемувањето на издвојувањата за безбедноста и одбраната на Европа и ја повикува на Европската комисија да истражува понатамошни мерки со кои на земји членки ќе им овозможи полесно обезбедување на поголеми одбранбените трошоци.  

- Европскиот совет, исто така, потсетува дека посилна и поспособна Европска унија во областа на безбедноста и одбраната позитивно ќе придонесе за глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна со НАТО. Европскиот совет ја нагласува и важноста да се работи заедно со партнери кои не се истомисленици во ЕУ, се додава во заклучоците.  

Осврнувајќи се на овие заклучоци Кошта нагласи дека вчерашниот ден претставува клучен момент за Европа и за безбедност на Европејците, со решителната одлука за создавање на силна и посуверена „Европа на одбраната“. - Донесовме конкретни одлуки да обезбедиме нови ресурси, нови алатки, нови инструменти за нашите одбранбени капацитети. Тоа значи да инвестираме во нашата економија и да ги заштитиме нашите граѓани, рече Кошта.  

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, оцени дека со одлуките на овој Самит се испишува историја, затоа што од него ЕУ излегува решена да ја гарантира безбедноста на Европа и да дејствува брзо и решително согласно тоа како налага ситуацијата.   

- Решени сме да инвестираме повеќе, да инвестираме подобро и да инвестираме побрзо заедно, од Париз, преку Лондон, до Брисел. Покажавме дека сме подготвени и способни да ги засилиме нашите заеднички напори и ефикасно да се координираме, рече Фон дер Лајен.  

Таа истакна дека факт е оти Европа се соочува со јасна и актуелна опасност и затоа на европските лидери им презентирала план што ќе и овозможи на Европа да ја зајакне својата воена способност за да може да се соочи со денешните закани и да мобилизира до 800 милијарди евра за потребите на одбраната. - Се работи за преземање поголема одговорност на нашите рамења за сопствената безбедност, додаде Фон дер Лајен, 

За зајакнувањето на европската одбрана на Самитот говореше и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која порача дека Европа мора да се грижи за сопствената безбедност и не може да си дозволи други да ја чуваат безбедна. - Премногу работи се во прашање и не можеме да чекаме повеќе, изјави Мецола.  

Таа порачаа и дека во Украина мора да се постигне вистински мир, што ќе гарантира слобода за земјата, безбедност за Европа и одвраќање на оние кои мислат дека можат да преземат територии со сила.  

Европа мора да се грижи за сопствената безбедност и не може да си дозволиме други да не чуваат безбедни, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола во обраќањето на денешн

- Мирот мора да биде вистински, а не само едноставно на сите да ни создава лажно чувство на безбедност, дозволувајќи му на агресорот да продолжи да се обидува да освојува суверени нации, рече Мецола.  

За потребата од мир во Украина пред европските лидери говореше и украинскиот претседател Зеленски, кој нагласи дека сите мора да се погрижат Русија да ја прифати потребата за прекинување на војната.   

- Украина бара мир уште од првиот момент на војната, а ние секогаш велиме дека војната продолжува исклучиво поради Русија. Украина не само што е подготвена да ги преземе неопходните чекори за мир, туку и ние ги предлагаме тие чекори. Барам поддршка од Украина и европските лидери кои помагаат да се отвори патот кон мир, истакна Зеленски, додавајќи дека „Украинците навистина сакаат мир, но не по цена да се откажат од Украина“.   

Според него, вистинското прашање пред какви било преговори е дали Русија е способна да се откаже од војната.

- Ве повикувам да продолжите да ја поддржувате позицијата дека сите прашања поврзани со безбедноста на Украина треба да се решаваат со учество на Украина, исто како што сите прашања поврзани со безбедноста на вашите нации или Европа како целина треба да се решаваат со вашето учество. Само тоа може да гарантира мир на континентот и почитување на интересите на сите европски држави. Затоа се обидуваме да обезбедиме застапување на европските интереси. Сè што влијае на безбедноста на Европа треба да се реши со учество на Европа, потенцира Зеленски. сп/лв/

Фото; МИА Архива

Остани поврзан