Во Мадрид неколку илјади луѓе излегоа на улиците барајќи вистинска еднаквост за жените
- Неколку илјади луѓе денеска прошетаа низ улиците на Мадрид на дожд, барајќи „вистинска, а не евтина, еднаквост“ меѓу жените и мажите.

Мадрид, 8 март 2025 (МИА) – Неколку илјади луѓе денеска прошетаа низ улиците на Мадрид на дожд, барајќи „вистинска, а не евтина, еднаквост“ меѓу жените и мажите.
Демонстрациите организирани за Меѓународниот ден на жената ги собраа различните генерации во добра атмосфера, пренесе Бета повикувајќи се на Франс прес.
Во поворката, традиционално многу голема во Шпанија која е пионер во Европа во борбата против родово базираното насилство, еден млад човек носеше плакат на кој пишуваше „Да се закопа мачизмот“.
Насобраните луѓе, меѓу кои има голем број жени, извикуваа слогани против семејното насилство, а некои го носеа името на Французинката Жизел Пелико, чиј сопруг со години ја дрогирал и силувал, и носел и други мажи да ја силуваат.
Жизел Пелико минатата година стана икона на феминизмот ширум светот, откако одби судењето на нејзиниот сопруг да се одржи зад затворени врати, туку јавно, за „срамот што го чувствуваат жртвите на насилство да биде префрлен на страната на сторителите“. јт/
Фото: ЕПА