Левандовски, Леброн, Надал и Хамилтон претенденти за наградата „Лауреус“
- Објавени се номининациите за престижната спортска награда „Лауреус“ за 2020 година.
Берлин, 24 февруари 2021 (МИА) - Објавени се номининациите за престижната спортска награда „Лауреус“ за 2020 година.
Номинирани за наградата во категоријата спортист на 2020 година се:
- фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски,
- светскиот рекет број два, Рафаел Надал,
- кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс
- шампионот во Формула 1 и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон
- атлетичарот и светски рекордер во скок со стап, Арман Дуплантис
- тркачот од Уганда и светски рекордер на далечина од 10 000 метри, Џошуа Кипруи Чептегеј.
Минатата година наградата ја поделија Хамилтон и фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.
Наградата „Лауреус“ често ја споредуваат со наградата „Оскар“. Таа се доделува во неколку категории. зс