• среда, 09 октомври 2024

ИФЈ: За една година во Појасот Газа убиени се најмалку 175 медиумски работници

ИФЈ: За една година во Појасот Газа убиени се најмалку 175 медиумски работници

Брисел, 8 октомври 2024 (МИА) – Изминатата година во Појасот Газа убиени се најмалку 175 медиумски работници, изјави Тим Досон од Меѓународната федерација на новинари (International federation of Journalists) додавајќи оти тоа е „апсолутно шокантно ниво на загуба на животи“.

- Данокот што го плаќаат новинарите во Газа е нешто што светот никогаш не го доживеал. Повеќе од 10 отсто од новинарите во Газа ги загубија животите од почетокот на овој конфликт, наведе Досон.

Тој додаде дека во минатите конфликтни зони просечната стапка на смртност на пешадиските војници беше пет проценти, а бројот на убиени американски маринци во Виетнам изнесувал помалку од пет отсто.

- Она што е сега најважно е Меѓународниот кривичен суд да ја интензивира истрагата. Она што ни треба е судска проверка на доказите и одговорност, каде што е потребно, за оние кои извршиле воени злосторства, истакна Досон. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан