Јоурова: ЕУ одвои 137 милиони евра за зајакнување на вооружените сили на Молдавија
- Европската унија одвои 137 милиони евра за зајакнување на вооружените сили на Молдавија, изјави заменик-претседателката на Европската комисија, Вера Јоурова и додаде дека со тоа Молдавија е на второ место според поддршката добиена од ЕУ по Украина.
Стразбур, 8 октомври 2024 (МИА) - Европската унија одвои 137 милиони евра за зајакнување на вооружените сили на Молдавија, изјави заменик-претседателката на Европската комисија, Вера Јоурова и додаде дека со тоа Молдавија е на второ место според поддршката добиена од ЕУ по Украина.
Таа учествуваше во дебатите за зајакнување на отпорноста на Молдавија против руското мешање во поглед на претстојните претседателски избори и уставниот референдум за интеграција во ЕУ на 20 октомври.
„Како што се приближуваат изборите и референдумот, јасно гледаме како Русија ги зголемува своите хибридни напади врз стабилноста на Молдавија. Русија сака да ги поткопа нејзините напори за европска интеграција и да ја врати земјата во својата орбита на влијание“, нагласи Јурова. паг/
Фото: ЕПА