• понеделник, 23 декември 2024

Шефот на ОН го предупреди Нетанјаху дека блокирањето на палестинската агенција за бегалци би било „катастрофа“

Шефот на ОН го предупреди Нетанјаху дека блокирањето на палестинската агенција за бегалци би било „катастрофа“

Њујорк, 8 октомври 2024 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека испратил писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое го предупреди дека израелскиот нацрт-закон за спречување на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (UNRWA) да дејствува на окупираната палестинска територија ќе биде „катастрофа“.

„Таквата мерка ќе ги искомплицира напорите за ублажување на човечкото страдање и тензиите во Појасот Газа, и низ окупираната палестинска територија. Тоа ќе додаде уште една катастрофа на ситуацијата што може да се опише само како апсолутна катастрофа“, изјави Гутереш.

Во јули, Кнесетот прелиминарно го одобри нацрт-законот со кој Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот исток се прогласува за терористичка организација и се предлага да се прекинат врските со неа. Израелските лидери ја обвинуваат агенцијата на ОН дека соработува со милитантите на палестинската вооружена група „Хамас“ во Газа. зш/

Остани поврзан