Израел: Хамас брутално ги уби двете деца заложници
- Израел го обвини Хамас дека ги уби двете деца Ариел и Кфир Бибас, кои беа заложници во Појасот Газа и оти било предадено тело на друга персона наместо на нивната мајка Шири

Тел Авив, 21 февруари 2025 (МИА) – Израел го обвини Хамас дека ги уби двете деца Ариел и Кфир Бибас, кои беа заложници во Појасот Газа и оти било предадено тело на друга персона наместо на нивната мајка Шири.
- Според преоцената на надлежните органи и врз основа на достапните разузнавачки и дијагностички показатели, Ариел и Кфир Бибас се брутално убиени во ноември 2023 година додека беа во заробеништво од палестински терористи, објави портпаролот на израелската армија, Авихаи Адраех на Телеграм.
Хамас тврди дека децата, кои кога биле киднапирани на 7 октомври 2023 година, имале 4,5 години односно осум месеци, загинале при израелски напад врз Појасот Газа.
Хамас вчера врати четири тела, меѓу кои и на 83-годишниот Одед Лифшиц, кој исто така беше заробен на првиот ден од војната помеѓу Израел и Хамас. ми/
фото: МИА архива