• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рјабков повика на зголемување на динамиката на контактите со САД

Рјабков повика на зголемување на динамиката на контактите со САД

Москва, 21 февруари 2025 (МИА) – Заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков ги информираше амбасадорите на БРИКС акредитирани во Русија за ситуацијата во руско-американскиот дијалог, нагласувајќи ја потребата од зголемување на динамиката на контактите меѓу Москва и Вашингтон за билатерални прашања, соопшти денеска Министерството.

- Сергеј Рјабков одржа брифинг за шефовите на дипломатските претставништва на земјите од БРИКС акредитирани во Москва, при што ги информираше за ситуацијата во руско-американскиот дијалог во светло на неодамнешните билатерални контакти, се вели во соопштението.

На средбата Рјабков ја истакнал потребата од зголемување на динамиката на контактите меѓу Русија и САД за билатерални прашања за кои, како што наведе, телефонски се разговарало во последните денови и на разговорите во Ријад за ставање крај на војната во Украина. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан