Руанда ги осуди американските санкции поради војната во ДР Конго
- Владата на Руанда денеска ги критикуваше САД за санкционирање на нејзиниот генерал поради поддршка на бунтовниците во соседна Демократска Република Конго.

Најроби, 21 февруари 2025 (МИА) – Владата на Руанда денеска ги критикуваше САД за санкционирање на нејзиниот генерал поради поддршка на бунтовниците во соседна Демократска Република Конго.
Бунтовниците поддржани од Руанда зазедоа два големи града во вооружен конфликт што сега ја загрозува владата на ДР Конго.
Владата на Руанда ги опиша американските санкции против генералот Џејмс Кабаребе, заменик-министер за надворешни работи, како „неоправдани и неосновани“ и дека „не придонесуваат за долгорочна безбедност, мир и стабилност за сите земји во регионот на Големите езера“.
Санкциите се удар за Руанда, која со години ја избегнуваше казната од меѓународната заедница за нејзината агресија врз соседно Конго. Првиот знак за промена на политиката на Вашингтон кон Руанда минатата година беше кога САД ја опишаа М23 како група поддржана од Руанда и побараа од нејзините власти да ги отстранат нивните ракетни системи од територијата на Конго. јт/