• понеделник, 22 јули 2024

За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим

За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим

Рим, 13 мај 2024 (МИА) - Шесткратниот шампион на тенискиот Мастерс во Рим, Новак Ѓоковиќ, во третото коло загуби од Алехандро Табило (2:6, 3:6).

Така, за прв пат по 2004 година, во четврт-финалето на овој турнир нема да се најдат ниту Србинот, ниту Рафаел Надал кој претходно беше елиминиран.

Да потсетиме дека Надал и Ѓоковиќ 16 пати го имаат освоено Мастерсот во Рим.

Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 7,8 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан