• вторник, 18 февруари 2025

Жан-Ноел Баро: Европа се соочува со тешки одлуки за справување со заканите и да ја гарантира својата безбедност

Жан-Ноел Баро: Европа се соочува со тешки одлуки за справување со заканите и да ја гарантира својата безбедност

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА)  -   Европа мора да направи тежок избор и да се жртвува за да се справи со заканите против неа и да ја гарантира својата безбедност, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро за време на Минхенската безбедносна конференција.

„Мораме да се подготвиме. Ни претстојат тешки денови, мора да донесеме тешки одлуки, па дури и (да направиме) жртви што не ги очекувавме претходно, за да ја гарантираме нашата безбедност“, рече Баро.

Тој додаде дека по разговорот со американскиот државен секретар Марко Рубио, мисли дека американската администрација се уште го формира своето мислење за тоа како САД треба да се справат со војната во Украина. зш/

Остани поврзан